Црна хроника

Детали за трагедијата: Бебето било донесено во болница со скршен череп

Полицијата информираше дека вчера околу 19:30 часот е пријавено од болницата „Аџибадем Систина“ дека било донесено 14 месечно женско бебе со скршеница на череп и крварење во мозокот.

07.03.2018 11:54:41
 Полицијата информираше дека вчера околу 19:30 часот е пријавено од болницата „Аџибадем Систина“ дека било донесено 14 месечно женско бебе со скршеница на череп  и крварење во мозокот.

Според пријавата бебето починало во 19.10 часот.

Дел од медиумите вчера објавија дека детето се здобило со повреди во момент кога со својата баба се симнувало по скалите на зградата, се оттргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало од 2,5 метри височина.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.