Спорт

Реми на Вардар со Висла во Лигата на шампиони

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено против Висла Плоцк во последниот дуел од Групата А во Лигата на шампиони.

04.03.2018 21:35:18
Според тренерот Раул Гонзалес одбраната денска не била на потребното ниво и токму затоа не е обезбедена победа во завршната средба од групната фаза.
Во интересен ритам мина целиот меч во Јане Сандански. Се играше гол за гол, уште од самиот почеток, на моменти вардарци успеваа да се одвојат на мала позитива, но полскиот тим успеа да ја анулира предноста. Столе Стоилов во завршните моменти имаше шута за победа но голманот на Висла го одбрани ударот на капитенот на Вардар, па средбата заврши нерешено со резултат 31-31.
Најефикасен во домашниот тим беше Лука Циндриќ со седум гола, Игор Карачиќ додаде шест.
Вардарци одат директно во 1/4 финлето каде ќе го чекаат подобриот од осминафиналната пресметка меѓу Пик Сегед и Кил.