Црна хроника

Нов случај на педофилија во Штип

Во близина на крстосницата Дујле, седумнаесетгодишно девојче излегувајки од зградата каде што живее се соочила со маж кој пред неа почнал да се соблекува гол и да си ги покажува гениталиите.

01.03.2018 17:17:50
Нов случај на манијак во Штип. Во близина на крстосницата Дујле, седумнаесетгодишно девојче излегувајки од зградата каде што живее се соочила со маж кој пред неа почнал да се соблекува гол и да си ги покажува гениталиите. Малолетното девојче успеало да избега, по што инцидентот заедно со своите родители гоп пријасвила во полиција. За само еден месец ова е трет манијак. на сексуалните егзибиционисти мета се девојчињата, сметаат штипјанки.

Манијаците се страшливци и покажувањето на своите гениталии е единствен  начин  да си го задоволат сопственото его и страсти сметаат социолозите.

За само еден месец ова е трет регистриран манијак во штипската полиција. Во првиот случај маж се соблекувал гол на улица наспроти штипскиот интернат, а пред само неколку дена 36годишен манијак своите гениталии си ги покажуваше пред четири средношколки кои седеле во училишниот двор во едно од штипските средни училишта. 

Против двајцата манијаци е поднесено кривична пријава за задоволување на полови страсти пред друго лице.


Александра Ристевска