Македонија

Битолските интелектуалци молчат за преговорите со името

Академската заедница и интелектуалците во Битола молчат и целиот досегашен процес на преговорите за името, го преспаа.

01.03.2018 17:17:43
Академската заедница и интелектуалците во Битола молчат и целиот досегашен процес на преговорите за името, го преспаа. Нема дебата, нема јавно изречен став, нема мислење, иако овој град од секогаш бил креативен потенцијал и универзитетски центар. 

- Просто е неверојатно, како битолските интелектуалци и воопшто академската заедница, окочлу спорот за името и по толку време, с`е уште молчат. Академските експерти велат дека некој треба дебатата да ја поттикне, а тие имаат свој став. Но, самоиницијативни пројави во Битола, барем засега нема.

Оваа тема и денеска беше прескочена на трибината посветена на десетгодишнината од обновувањето на Правниот факултет, на која учествуваа професори, адвокати, судии и обвинители. Од Универзитетот велат дека се спремни за дебата, но дека треба некој друг да ја поттикне.

- Тоа е сепак прашање од државен интерес и УКЛО доколку може да помогне со своите научни и стручни потенцијали е ставен на располагање. Меѓутоа, во моментот кога ќе се организира дебата од надлежните институции, ние секако ќе придонесеме и ќе се приклучиме кон таквата дебата, но Универзитетот не е место кое што треба да иницира таква дебата- рече професор д-р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.

Од Правниот факултет, пак, велат дека имаат свој став за прашањето на спорот со името.

- Во однос на преговорите за името, може да се каже дека е чуствително прашање шро побудува емоции во делот на македонската јавност, посебно околу огромното значење на името за нашата држава. Ние сите знаеме дека станува збор за еден илузорен спор, но за жал, се наметнува како спор кој не попречува во досегашните обиди за евроатлантската интеграција на Република Македонија. Инаку, не дека можеби нема јавна дебата околу тоа, како што беше вашето прашање во академската јавност во Битола и регионот, во секој случај не велам дека нема и став- рече професор д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет.

Инаку, пратеникот на СДСМ од Битола Александар Кирацовски, на денешната трибина на Правниот факултет, рече дека ќе предложи закон во Собранието за промена на седиштето на овој факултет од Кичево во Битола, со аргументи дека во Битола има поголем број на студенти, правни институции и друга инфраструктура. Меѓутоа, Македонците во кичевската академска заедница сметаат дека оваа политика претставува уште еден удар врз нив, со мајоризација на албанскиот фактор.





Петар Стефановски
 

taka e

Од: mersim

Време: 01.03.2018 22:08:28

Коментар: Novinarot e vo pravo, site molcat kako putani, uhlebeni po katedri i institucii bez malku custvo za patriotizam i interes za sudbinata na drzavata!