Спорт

Хансен се сели во Веспрем

Веспрем го потврди ангажманот на Рене Тофт Хансен кој со клубот потпишува едногодишен договор.

28.02.2018 19:12:55
Данскиот репрезентативец на унгарскиот состав ќе му се приклучи по крајот на активната сезона.

Тофт Хансен во моментов настапува за Кил во германската Бундес лига каде е од 2012 година, а во својта богата кариера го освои златото на Европскиот шампионат во Србија, како и најсјајното одличје на Олимписките игри во Бразил.