Спорт

Барселона „загриза“ за Погба

Според шпанските медиуми Барселона подготвила 100 милиони евра за ангажманот на Пол Погба.

28.02.2018 19:11:54
Истите пренесуваат дека агентот на фудбалерот, Мино Раиола, веќе пристапил на неколку клубови со цел негов трансфер, а токму Каталонците, кои се упорни во намерата да најдат соодветна замена за Андрес Иниеста, засега се најзаинтересирани за фудбалерот на Манчестер Јунајтед.