Црна хроника

Жртва во сообраќајка меѓу камион и такси возило на патот Кавадарци- Прилеп

На местото на несреќата интервенирала и кавадаречката противпожарна единица во извлекување од возилата на повредените. Едно лице од мерцедесот им подлегнало на повредите.

28.02.2018 17:28:39
Претпладнево на патот Кавадарци-Прилеп, во близина на поранешната кафеана „Ловец“ се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил Мерцедес, такзи возило со скопски регистарски таблици и камион „Волво“.

На местото на несреќата интервенирала и кавадаречката противпожарна единица во извлекување од возилата на повредените. Едно лице од мерцедесот им подлегнало на повредите.  

- Успеавме експресно да интервенираме и да ги извлечиме повредените - изјави командирот на противпожарната единица кавадарци, Илчо Богевски. Во моментов се врши увид на местото на несреќата, а повредените се пренесени во кавадаречката болница. „На одделот за хирургија примени се две пациентки, мајка и ќерка, повредени во несреќата, сопатници во такси возилото. Мајката е со хематом на главата, а ќерката има скршеници на под колениците. Стабилизирана е нивната состојба и надвор од животна опасност се препратени на скопските клиники“ изјави д-р Дано Кулев, началник на хируршкото одделение во Кавадаречката болница.