Сцена

Боливудската ѕвезда Шридеви Капур се удавила во када

Боливудската ѕвезда Шридеви Капур (54), чија ненадејна смрт го шокираше Боливуд, не починала од инфаркт, како што беше првично соопштено, туку се удавила во када.

26.02.2018 21:23:53

 Боливудската ѕвезда Шридеви Капур (54), чија ненадејна смрт го шокираше Боливуд, не починала од инфаркт, како што беше првично соопштено, туку се удавила во када.

Taа беше пронајдена мртва во хотелска соба во Дубаи, каде присуствувала на венчавката на нејзиниот внук.

Првичната информација дека починала од инфаркт беше отфрлена како неточна, а во извештајот на патологот се наведува дека изгубила свест и потоа се удавила во кадата.

Смртта на филмската ѕвезда ја шокираше јавноста во Индија, а голем број боливудски глумци, спортисти и високи државни функционери изразија сочувство на нејзиното семејство.