Македонија

Името пред финиш - засилена активност на европските дипломати

Дипломатска офанзива или притисок . Утре во Македонија пристигнуваат Хан, Јункер и Могерини од Европската комисија и Вајгл, Флекенштајн и Кукан од Европскиот парламент

24.02.2018 17:53:56
  Дипломатска офанзива или притисок . Утре во Македонија пристигнуваат Хан, Јункер и Могерини од Европската комисија и Вајгл, Флекенштајн и Кукан од Европскиот парламент. Европската комисија ќе ја предводи директно претседателот на ЕК Жан Клод Јункер. Ќе го придружува високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан. Потврдени се средби со премиерот Заев и со претседателот и Иванов, но не се исклучуваат и дополнителни средби. Јункер и Заев ќе одржат заедничка прес конференција, потврдија од Европската Комисија и од Владата. 

 Европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, пак според најавите  ќе престојуваат во рамките на процесот „Жан Моне“ и ќе остварат средби со лидерите на политичките партии. 

 Дали Еврокомесарите се тука за надворешните прашања, а европратениците да ги смират страстите на партиите останува да се види.

 Премиерот Заев е убеден дека Европа ќе даде датум за преговори само ако Македонија заслужува да стане земја членка. Утре очекува охрабрување од Јункер.

– Очекувам охрабрување кое за нас значи прецизирање отприлика кога ќе ја добиеме безусловната препорака, но во исто време охрабрување дека во јуни е возможно да добиеме датум за отпочнување на преговори а со тоа и отворање на европските фондови дополнително за Р.М.вели Премиерот.

 Во меѓувреме Грчките црвени линии пристигнуваат од Атина. Нацрт спогодбата која ја подготви грчката Влада ќе пристигне во Македонија пред Коѕијас да стапне на преименуваниот аеродром во Скопје. Грчкиот предлог бил завршен и според претпоставките на грчкиот шеф на дипломатијата  во Скопје ќе пристигне во март.

– Начинот за да се обезбеди стабилност на името за кое што ќе се договориме, е да помине од Уставот. Бидејќи, како што знаете, не може во твојата надворешна политика да се викаш со некое А име, а во внатрешната со Б име, кажа грчкиот шеф на дипломатијата.

 Вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас на германската канцеларка Меркел и ја повторил официјалната позиција на Атина, за ерга омнес име. За спорот со името грчкиот премиер вчера разговарал паралелно и со Жан Клод Јункер, Бојко Борисов и Федерика Могерини. 

Лепа Џундева  
 

Moze

Од: George

Време: 25.02.2018 09:39:42

Коментар: Zosto moral da se menuva Ustavot? Nasiot juzen sosed si se vika Eliniki Demokratija, ili ti Elinska Republika, znaci ime A, a vo svetot na Angliski ja vikaat Republic of Greece, odnosno Republika Grcija, znaci ime B. Ima li nekoj svesen kaj nas za ovie podmolni trikovi na juznite sosedi?

Imeto pred Finish-Zasilena aktivnos na evropskite diplomati

Од: Hristo Neshkovski

Време: 25.02.2018 08:52:50

Коментар: Zaev nemoj da ja koloniazirash Republika Makedonja,ti ne si povikan toa da go pravish!!??Dijasporata ispraka poveke pari na svoite vo drzavata nego shto e drzavniot buget!So kakvo pravo go pravish toa,ti si obicen kreten ,prema dijasporata!!Nikoj poveke ne ja pomaga Makedonija!!Blagodaram.

igorjanev@mts.rs

Од: Игор Јанев

Време: 24.02.2018 22:42:19

Коментар: Има Решение на проблемот и без компромисот: НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Генералното собрание, Земајќи предвид дека "Поранешната Југословенска Република Македонија", примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход, Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција, Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност, За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации, Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како "Поранешна Југословенска Република Македонија", под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.