Балкан

Турската армија нападна конвој на курдските борци кај Африн

Генералштабот на турските вооружени сили соопшти дека во Африн е погоден конвој од 30 до 40 возила на курдски борци, јави турската агенција Анадолија.

23.02.2018 11:26:18

Генералштабот на турските вооружени сили соопшти дека во Африн е погоден конвој од 30 до 40 возила на курдски борци, јави турската агенција Анадолија.

Пред да биде погоден, утврдено е дека конвојот му се приближува на Африн од правец на југоистокот и бил нападнат кога се наоѓал на оддалеченост од 15 километри од градот.

- Мета беше конвој на терористичките организации Курдската работничка партија, Партијата на демократскиот сојуз и Силите за заштита на народот. Како и претходно, преземени се сите мерки на претпазливост со цел да не страдаат цивили, се наведува во соопштението.

Во исто време наведува агенцијата, на „Јутјуб" се објавени видео снимки на кои е забележан моментот кога турските вооружени сили го погодија конвојот на терористичките организации.

На снимката може да се види и чад кој се шири над уништените возила на конвојот.

Сириската државна телевизија, пак, јави дека „конвој со хуманитарна помош кој одел кон Африн“ бил нападнат од турските сили и во инцидентот има „настрадани“ лица.

Турската армија на 20 јануари ја почна воздушна и копнена офанзива Маслиново гранче во сириската област Африн, која е под контрола на курдски борци.