Црна хроника

Тешка сообраќајка кај Ропотово однесе два живота

Данокот во крв на македонските патишта породлжува. Денеска околу единаесет часот, на магистралниот пат Прилеп- Македонски брод кај село Ропотово, во тешка сообраќајка во која учествуваа две патнички и едно товарно возило, загинаа две лица

17.02.2018 18:29:38
 Данокот во крв на македонските патишта породлжува. Денеска околу единаесет часот, на магистралниот пат Прилеп- Македонски брод кај село Ропотово, во тешка сообраќајка во која учествуваа две патнички и едно товарно возило, загинаа две лица, а тројца се потешко повредени. Заради увид во несереќата на истражните органи, сообраќајот беше во прекин неколку часа.
Според првичните сознанија до кои дојде истрагата, во критичниот момент каминот марка ``Мерцедес`` со кумановска регистрација кој се движел од Прилеп кон Македонски брод, директно се судрил со патничко возило ``Мерцедес``, исто така со кумановска регистрација, кое доаѓало од спротивната страна. Од сударот, на лице место загинал возачот на патничкото возило шеесет и девет годишниот Мустафа Мустафовски од с. Лажани. Речиси во исто време, зад каминот од Прилеп доаѓало патничко возило со битолска регистрација ``Лада Самара`` со тројца патници и удрило во камионот. При тоа, животот го загубила 66 – годишната Зорица Велјановска од битолско Добромири, а нејзините роднини сопружниците Велјановски се здобиле со тешки телесни повреди.

Истрагата допрва треба да даде одговор, под кои околности се случила оваа тешка сообраќајна несреќа и кои биле непосредните причини на една мошне фрекфентна сообраќајница со ограничени брзини на движење и патен правец доста ризичен, каде се имаат случено повеќе тешки сообраќајки.

Петар Стефановски
 

Povedenie

Од: David

Време: 17.02.2018 23:12:46

Коментар: Лошото поведение на сите учесници во сообраќајот е единствената причина. Притоа учесници се и сообраќајната полиција. Гледаме дека драконските казни не помогнаа. Не е целта еден да плати казна и работата завршена, нормата исполнета. Подобро е мали но чести казни, со одземање дозвола , а и времено возилото, доколку се повторуваат делата. Но, за тоа полицијата треба да ,,дежураат,, на патиштата. Не на крстосници со рутински контроли. Во Скопје се усвои ограничување од 50км/час, а во реалноста просечно се вози 70-80км/час па и повеќе. Кој казнува? А камери, а неозначени патроли, каде се? И за ургенции дали постои лек? Нели сме сите исти?

zalno

Од: mice

Време: 17.02.2018 18:46:30

Коментар: zalno e koga gledame vakvi crni hroniki so zrtvi. mora kaznite da bidat porigorozni