Култура

„Коцкар“ од Достоевски, премиерно во Битолскиот театар

По утрешната претпремиера, претставата својот репертоарски пат кон публиката ќе го започне со невидена космичка енергија и универзална сеприсутност, типична за Достоевски едно од најголемите имиња во светската книжевност.

15.02.2018 15:00:17
После три години откако го реализираше сценскиот проект ``Ана Карењина``, режисерот Дејан Пројковски повторно се враќа на битолската театарска сцена со спектаклот ``Коцкар``  според романот на рускиот писател Фјодор Михајлович Достоевски и после триумфот со ``Ромео и Јулија`` во Турција. Овој сценски мега- проект е асамбл- претстава со шеснаесет битолски актери, меѓу кои се вклучени и студенти, но и доајенот на македонското глумиште Јоана Поповска. По утрешната претпремиера, претставата својот репертоарски пат кон публиката ќе го започне со невидена космичка енергија и универзална сеприсутност, типична за Достоевски едно од најголемите имиња во светската книжевност, беше речено на денешниот прес.

- Нашата претстава како и самиот роман, зборува за коцкањето и страста во која само со едно вртење на рулетот може човек да го направи да биде некој друг. Со секое вртење на рулетот има повторен и повторен обид, секој од ликовите заглавени во калта, да и9збегаат од сопствената кожа- рече режисерот Дејан Пројковски.
Претставата изобилува со огромна актерска енергија, а актерот Огнен Дранговски го игра ликот на Алексеј Иванович, познат како ``рускиот Хамлет``.

- Јас го играм човекот кој што предизвикува се на двобој, ја предизвикува Европа, го предизвикува 21. Век иако е напишан во 19. Век. За жал, и ден денес е така низ Европа, па секаде каде што одиме го потценуваат она што го носите во самите себеси- рече актерот Огнен Дранговски.

Битолскиот народен театар во годинешната репертоарска сезона ќе постави четири претстави поддржани од Министерството за култура, од кое доби само половина од бараните средства, во кои се финансираат уште ``Битола Шекспир фестивалот`` и двете патувања во Ерменија и Полска. За останатите проекти во кои се планира и една детска претстава, ќе се бара поддрша од спонзори.


Петар Стефановски
 

dikcija

Од: aleksandar

Време: 19.02.2018 22:26:35

Коментар: Zalno e koga Joana i Pepi Pivce imaat najdobra dikcija i glasovni moznosti. Ostanatite ne mozes da gi cues sto zboruvaat na scenata!? Dikcija, dikcija, sto bese toa mladi gospoda akteri od novoto glumiste????

spektakl

Од: aleksandar

Време: 15.02.2018 17:42:34

Коментар: ova mu e potrebno na bitola, projkovski e broj eden na Balkanot kako rezisersko ime