Свет

Аргентина нуди 4,9 милиони долари за информација за исчезнатата подморница

Аргентинските власти објавија награда од 4,9 милиони долари за информација што ќе помогне за пронаоѓање на подморницата АРА Сан Хуан која исчезна на 15 ноември минатата година.

14.02.2018 19:48:14
 Аргентинските власти објавија награда од 4,9 милиони долари за информација што ќе помогне за пронаоѓање на подморницата АРА Сан Хуан која исчезна на 15 ноември минатата година откако со 44 членови екипаж го напушти градот Ушуаја на југ во Аргентина.

Соопштението за наградата е објавено денеска на сајтот на Министерството за одбрана.

Наградата ќе му припадне на лице кое ќе достави информација и добри податоци што ќе овозможат пронаоѓање на точната локација на подморницата. Аргентинската морнарица на 30 ноември ја прекина спасувачката акција, но потрагата за подморницата продолжува.