Свет

Столтенберг бара поголем буџет, НАТО отвора командни центри

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика денеска европските сојузници и Канада да продолжат со зголемување на трошоците на полето на одбраната.

14.02.2018 18:35:37

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика денеска европските сојузници и Канада да продолжат со зголемување на трошоците на полето на одбраната. Повикот доаѓа во момент кога Алијансата ги проширува своите командни центри како одговор на акивностите на Русија. 

- Да ги одржиме нашите земји безбедни, потребни ни се повеќе воени расходи, инвестиции во клучните капацитети и сили за мисиите и операциите на НАТО, изјави Столтенберг. 

На состанокот на НАТО во Брисел, министрите за одбрана ќе објават отворање два нови командни центра, што ќе ги опфатат трансатланските патишта за поморски сообраќај, како и логистика и транспорт во Европа.