Македонија

Речиси половина од точките по кои се преговарало за спорот со името биле затворени

Од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес, приближување во ставовите имало во три од нив, но немало да изнесуваат детали од процесот, за како што нагласи, да не излезе дека се преговарало преку медиумите.

14.02.2018 18:06:58
  Заев и денес не откри за која географска одредница се преговара, но оптимистично најави дека очекува и двете страни да бидат прагматични. Речиси половина од точките по кои се преговарало за спорот со името биле затворени. Од првичните седум појдовни позиции во преговарачкиот процес, приближување во ставовите имало во три од нив, но немало да изнесуваат детали од процесот, за како што нагласи, да не излезе дека се преговарало преку медиумите.

 За географската одредница потврди дека била прифатлива опцијата, а се спомнувале неколку имиња.

 - За нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отклонуваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции,кажа премиерот.

Т ој вели дека со вчерашниот состанок во Виена, официјално почнале преговорите, а досегашните напори воделе кон градење на доверба. Граѓаните ќе го имале последниот збор преку референдум, доколку се најде решение. Се преговарало за достоинствено решение кое не ги опфаќало Уставот и идентитетот.

 Вчерашната средба Димитров – Коѕијас  со Нимиц се држеше во голема тајност и до самото одржување. До јавноста не стигнаа ниту информации дали се разгледувал грчкиот нацрт-договор, кој Коѕијас го најави за средината на февруари. 

 Дел од медиумите пак веќе пренесоа дека немало поместување во позициите. 

 Во меѓувреме процесот навлегува во интензивна фаза на преговори. Медиумите изминатата недела објавуваа за средба на министрите Димитров и Коѕиас и во Софија на 15 и 16 кога ќе се одржи неформален состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Вчера од МНР стигна соопштение дека македонскиот шеф на дипломатијата ќе патува во работна посета на Бугарија но засега за средба меѓу Димитров и Коѕијас нема официјална потврда. 

Лепа Џундева

 

Recisi polvina po koi se pregovaro za sporot so imeto bile zatvoreni

Од: Hristo Neshkovski

Време: 15.02.2018 11:21:35

Коментар: Samata izjava na Zaev da se postignala geogravska odrednica go pravi necovekot najgolem veleizdajnik na site vreminja na Makedonskiot narod!!!Toj ne zasluzuva prostor ni vo eden medium na Republika Makedonija i treba da sestavi na listata za izbrkuvanje od ovaa zemja!Samo kolku pratenici vo parlamentot na R.Makedonija se so dvojno drzavjanstvo,i kolku ima vo Vladata na Makedonija,tie luge ne bi trebalo da imaat glas vza glasanje i da donesuvaat odluki.Prekinuvanje na pregovorite e najdobra opcija vo ovaj moment i davanje kolektivna ostavka na cela vlada i parlament.Blagodaram.

drdraganpetrovic83@gmail.com

Од: Патриот

Време: 15.02.2018 01:13:21

Коментар: Се додека не се примени Стратегијата за името на проф. д-р Игор Јанев во Генералното собрание на ООН и Меѓународниот Суд на Правда проблемот со името нема да се реши! Се друго е празна прикаска. Споровите за државните имиња во меѓународното право не постојат.