Економија

Анѓушев ќе ги смирува работниците на „Еурокомпозит“

Работниците на утринскиот протест во Прилеп рекоа дека не отстапуваат од барањата, компанијата да започне да исплаќа бруто- плата и да се надоместат заостанатите придонеси од јуни 2012 година до денес.

14.02.2018 15:35:11
После една недела протести на работниците од прилепски ``Еурокомпозит``, конечно претставниците на власта ``го слушнаа гласот на народот``. Денеска, на средба во Владата со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе седнат синдикалците и менаџерите на компанијата, а исходот е сосема неизвесен. Работниците на утринскиот протест во Прилеп рекоа дека не отстапуваат од барањата, компанијата да започне да исплаќа бруто- плата и да се надоместат заостанатите придонеси од јуни 2012 година до денес.

- Сега- засега остануваме со протестите, додека не ја оствариме средбата. Доколку се успее да се најде некое заедничко решение, можеби ќе се прекинат овие штрајкови, а доколку не ќе продолжиме и порадикално. Ние досега имавме дветри средби со Анѓушев, а ова ќе ни биде четврта средба и ние настапуваме со истите ставови и со двете барања- неисплатените плати и бруто- плата- рече претседателот на синдикатот Роберт Богданоски.- Ставот наш го повторивме и пред вработените, значи истото мислење го делат со нас за да нема отстапки од тие барања, зашто веќе десеттина години сме лажени и еднаш мора да дојде крај на оваа агонија- рече Цветан Бунтески, синдикален претставник во фирмата.

``Еурокомпозит`` е загубар во државна сопственост кој што остварува специфично производство на оружје, муниција и заштитна опрема, конјуктурно за домашните одбранбени структури, но и за извоз. Решение за наталожените проблеми има, потребна е само добра волја со која овој баласт лесно може да се симне од грбот на власта, но без да настардаат работничките интереси, како досега.


Петар Стефановски