Спорт

Женската кошаркарска репрезентација и гостува на Италија

Нашата женска кошаркарска репрезентација против селекцијата на Италија ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство.

14.02.2018 13:25:10

Избраничките на селекторот Марјан Лазовски во претходните два меча со Шведска и Хрватска забележаа убедливи порази додека во првото соочување со денешниот противник на стартот од овој квалификациски циклус загубивме со скромни девет разлика.

Натпреварот се игра во Павија и почнува во 18 часот и 30 минути.