Спорт

Вајт на САД и го донесе 100. златен медал во историјата на ЗОИ

На шестиот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг до овој момент поделени се медали во две дисциплини.

14.02.2018 13:23:05

Во нордиска комбинација славеше Германецот, Ерик Френцел,  Акито Ватанабе од Јапонија се пласираше на втората позиција, а на третото место на подиумот се икачи Австриецот, Лукас Клапфер.

Во сноуборд во дисциплината халф пајп триумф на Шон Вајт кој по златото во Торино и Ванкувер славеше и во Пјонгчанг, а на Соединетите Американски Држави им го донесе 100-от златен медал на Олимписките игри.

Второто место му припадна на Јапонецот, Ајуму Хирано додека со бронзата се закити Скоти Џејмс. 

До крајот на денот медали ќе се делат во санкање во двојки во машка конкуренција и во брзо лизгање на 1000 метри кај дамите.

Поради силниот ветер организаторот беше принуден да ја одложи слаломската трка во женска конкуренција, а откажана беше и биатлонската трка на 15 километри.