Спорт

ИОК објави загуба од 95 милиони евра

Интернационалниот олимписки комитет го објави финансискиот извештај за 2017 година според кој е забележана загуба од 95 милиони евра.

14.02.2018 13:20:55

Oвој податок не ги загрижува челниците и тоа го објаснуваат со фактот дека минатата година не беше олимписка и дека не се забележани приходи од продажба пред се на телевизиските права.

Вкупниот приход изнесува 427 милиони евра од кои 402 и се од спонзорски договори и оваа сума во однос на претходната е поголема за скоро 20 проценти.

Во извештајот се потенцира дека за реализација на олимписки програми за развој се потрошени вкупно 138 милиони од кои дури 75 милиони му се дадени на Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави.

Во следниот период од три години во Интернационалниот олимписки комитет очекуваат вкупниот приход да изнесува 1,6 милијарди евра или нешто повеќе од половина милијарда по година.