Балкан

Турски разузнавачки авион го нарушил грчкиот воздушен простор над Егејското море

Турски разузнавачки авион бил пресретнат од грчката воена авијација во областа на Егејското море, јави грчкиот портал „Њуз.ин“.

13.02.2018 11:47:27
 Турски разузнавачки авион бил пресретнат од грчката воена авијација во областа на Егејското море, јави грчкиот портал „Њуз.ин“.

Според Генералштабот на националната одбрана (ГЕЕТА) на Грција, авионот пет пати го нарушил грчкиот воздушен простор.

Во истата област имало уште две нарушувања на воздушниот простор, кои ги извршиле турски хеликоптери.

Во исто време, вкупно осум турски авиони од типот Ф-16, ЦН-235 и четири хеликоптери, десет пати ги нарушиле правилата за авијација во зоната за летови над Атина.

Турските авиони беа пресретнати од грчки ловци согласно меѓународните правила, информира „Њуз.ин“.