Спорт

ЖРК Вардар ја продолжи триумфалната низа, мажите го забележаа првиот пораз

Половичен учинок на машкиот и женски состав на Вардар во викенд настапите во Лигата на шампиони.

12.02.2018 16:54:45

 Дамите во "црвено црно" славеа во дуелот против Будуќност и ја продолжија триумфалната низа. По  победата над ривалот од Подгорица, ракометарките на Вардар  се зацврстија на првата позиција на табелата во групата и сигурно чекорат кон освојување на првото место во оваа конкуренција и се посериозно ја истакнуваат кандидатурата за триумф во годинешното издание од елитното натпреварување.

Машкиот состав на Вардар, кој сезонава го брани трофејот во шампионската лига ја прекина серијата од 15 натпревари во која не ја почувствувал горчината на поразот. Сепак и покрај поразот на гостувањето против Барселона, тимот на Раул Гонзалес и натаму е лидер во А конкуренцијата и во следните три кола ќе се обиде да остане на врвот.

Дамите имаат две недели да се подготват за гостувањето во Мец додека машкиот тим в недела го пречекува Пик Сегед.