Спорт

Кливленд го совлада Бостон, Торонто нов лидер на Истокот

Во НБА лигата одиграни се седум натпревари.

12.02.2018 16:52:12

Во дербито на Истокот, Кливленд како гостин го совлада Бостон со 121:99. ЛеБрон Џејмс мечот го заврши со 24 поени, 10 асистенции и осум скока, Џордан Кларксон беше стрелец на 17 поени додека по 15 постигнаа Родни Худ и Џеј Ар Смит.

На спротивната страна Тери Розиер впиша 21 поен и девет освоени топки, а Кајри Ирвин додаде 18 поени пет асистенции.

Поразот на Бостон го искористи Торонто, кој по триумфот над Шарлот од 123:103 изби на чело во Источната конференција.

ДеМар Де Розан имаше учинок од 25 поени и осум асистенции, Јонас Валанчиунас забележа 21 поен и девет скока, а Си Џеј Мајлс постигна 24 поени. Во поразениот тим Кемба Вокер имаше 23 поени и девет додавања.

 

Во останатите натпревари:

Атланта - Детроит  118:115

Индијана - Њујорк   121:113

Хјустон - Далас  104:97

Минесота - Сакраменто  111:106

Оклахома - Мемфис  110:92 и

Портланд - Јута  96:115