Спорт

Пајфер ја изненади конкуренцијата во биатлон

Германецот, Арнд Пајфер го освои првиот златен медал во биатлон на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

11.02.2018 22:07:12

За 30-годишниот Германец ова е прв триумф на Олимписките игри, а до златото дојде сосема неочекувано надминувајќи ја силната конкуренција пред се Мартин Фуркаде од Франција и Норвежанецот, Јоханес Тингнес Бое кои на крајот останаа без медал.

Пајфер до првото место стигна со време од 23 минути, 38 секунди и осум десеттинки и заедно со Михал Крчмар беше единствениот кој немаше ноти едно промашување во двете стрелања.

Крчмар на целта пристигна со заостанување од 4,4 секунди и го освои второто место додека трет е Доминик Виндиш од Италија.