Спорт

Норвежаните доминираа во скијатлон

Тројца норвешки репрезентативци се искачија на подиумот во скијатлон трката два пати по 15 километри.

11.02.2018 21:53:31

Во првата дисциплина во нордиско скијање целосна доминација на спортистите од Норвешка. Златниот медал го освои Симен Хегстад, кој на целта пристигна со време од 1 час. 16 минути и 20 секунди.

Со сребрениот трофеј се закити Мартин Јонсруд Сундби додека на третата позиција се пласираше Ханс Кристер Холунд, кој зад победникот заостана 9,9 секунди.