Спорт

Олимписки хет-трик на Крамер

Холанѓанецот, Свен Крамер триумфираше во трката на 5000 метри во брзо лизгање.

11.02.2018 21:46:36

Триесет и едно годишниот Крамер по златните медали во Ванкувер и Сочи, колекцијата на трофеи ја комплетираше во Пјонгчанг откако беше најбрз на патеката од 5000 метри.

Крамер на целта пристигна со време од 6 минути девет секунди и 76 стотинки и стигна до третото олимписко злато во кариерата, а пред 12 години во Торино на истата оваа делница беше врот.

Среброто му припадна на Канаѓанецот, Тед Јан Бломен додека со бронзата се закити Лунде Педерсен.