Македонија

Шилегов: Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја

Јас преферирам да го гледам како лидер што го цивилизираше целиот свет, објаснува градоначалникот на Скопје во интервјуто за весникот „Документо“.

11.02.2018 16:45:38
Запрашан дали се согласува со изјавата на претседателот Киро Глигоров дека сме Словени што дошле по Александар Велики, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во изјавата за грчки медиум што ја пренесува МИА вели дека Александар Велики го гледа како лидер што го цивилизирал целиот свет. 

Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја. Беше вклучен во нашата историја во последните десет години. Во основа, кога говориш за таков вид на етничка припадност, држави и народи, тоа се однесува на последните 300 години, додека пак Александар Велики, живеел пред 2300 години. Јас преферирам да го гледам како лидер што го цивилизираше целиот свет, објаснува градоначалникот на Скопје во интервјуто за весникот „Документо“.

 

Од: Загрижен патриот

Време: 13.02.2018 18:19:01

Коментар: Ништо што не е вообичаено за комунистите.Од минатите децении работат за непријателот.Само што времето мина на колективна одговорност,најглавните ќе одговараат повеќе од понеглавните

igorjanev@mts.rs

Од: Правник

Време: 12.02.2018 13:14:08

Коментар: Се прави замена тези. Александар Македонски не е во каква било релација со проблемот за името. Се работи за тоа дека Споровите не може да постојат меѓу држави за државното име! Државите немаат ексклузивни права на државно име. Се што треба е да се примени стратегијата на проф. Игор Јанев во ООН и да се продолжи членството на оваа земја под Република Македонија. Сме признати од над 130 земји по уставното име. Историјата воопшто не е релевантна за проблемот, туку повредените членски права на една држава во ОН која е безимено примена 1993. во ООН под наметната референца и принудена да преговора со соседот за правниот идентитет! За прв пат во историјата на ОН и меѓународни организации една суверена земја е БЕЗИМЕНА и се проблематизира нејзиниот национален идентитет, кои всушност од ОН не е признат!

Nepismen

Од: Vlado

Време: 11.02.2018 23:19:02

Коментар: Cel svet znae deka Aleksandar e krunata na Makedonskata istorija samo predavnikov neznae, pa neka procita nekoja kniga ovaka kako gradonacalnik. Ili parite za potkup mu se podragi koga stanuva zbor za predavstvo... Sramota sto site si kutat i nikoj ne reagira...

12