Економија

Работниците од „Еурокомпозит“ започнуваат со штрајк

Од средбата со премиерот Заев во октомви месец минатата година останаа само празни ветувања и ништо не е реализирано.

08.02.2018 14:58:52
Од средбата со премиерот Заев во октомви месец минатата година останаа само празни ветувања и ништо не е реализирано. Ова денеска  со големо разочарување го рекоа работниците од прилепската компанија во државна сопственост ``Еурокомпозит`` и загубар кој што произведува оружје и специјална опрема. Работниците излегоа на протест пред фабричките хали, а од утре започнуваат со штрајк. Чашата ја прелеа линеарниот паушал од само пет илјади денари, наместо неисплатената и ветена прва плата во 2018 година.

- Се собравме да искажеме револт спрема директорите и нивното раководство заради неиспочитување на неколку точки. Прво што неипочитува беше ветената плата за 2018 година и ни испшлати само по пет илјади денари линеарно, немање на договори, непочитување на синдикатот. Од неговто доаѓање во фирмата нема потпишано никакви договори и ништо конкретно не се случува- рече синдикалниот претседател Роберт Богданоски.

Од друга страна, 260 работници колку што ги има, работат во крајно лоши услови, па немаат дури ни вода, а од гранскиот синдикат велат дека имале индиции за беззаконие во работењето со недекларирани суровини.

- Само се влошува состојбата со некои индиции и како што читаме по порталите, има сомневање за некакви недозволени и криминални работи за кои што дополнително ќе се произнесат и органите на прогонот- рече претставникот на Синдикатот за индустрија и енергетика, Лазар Ангелоски.- Моментално да се затвори. Како прво, санитарните чворови се испод нула. Ако ви кажам дека немаме ниту чистачки, да не зборуваме за ХТЗ- опрема, за вода за пиење која ја немше десеттина деа а не знаеме од кој причини- рече Цветан Бунтески, вработен во компанијата.

Директорот Александар Кузески кој шест месеци е во компанијата, денеска беше службено отсутен, но вели дека најлошо е работниците да ја прекинат работата и дека е во постојани преговори со Владата за решавање на сегашните и заостанатите проблеми на овој загубар. Работниците имаат две основни барања- првото е да се исплатат заостанатите придонеси од јуни 2012 година и второто, да започне исплатата на бруто- плата, како  за сите вработени во државата.


Петар Стефановски