Економија

Две награди за Комерцијална банка од ЕБРД

Комерцијална банка АД Скопје годинава е добитник на две награди од Европската банка за обнова и равој (ЕБОР) - за најактивна банка во програмите на ЕБОР за поддршка и унапредување на меѓународната размена и за зделка на годината.

08.02.2018 12:56:52

Според банката, правта награда („Most Active Issuing Bank in 2017 in FYR Macedonia”), ја добиваат во континуитет, а втората има посебно значење бидејќи по прв пат се добитници и се однесува на севкупниот регион (Европа, Азија, Африка) каде делува ЕБОР.

Со наградата за зделка на годината тимот за документарно работење на КБ со својата експертиза се етаблира во меѓународни рамки, наведуваат од банката.