Спорт

Кутињо за трансфер во Барселона се согласил на помали примања

Како што пренесуваат шпанските медиуми Филипе Кутињо се согласил на пониски лични примања се со цел да го комплетира трансферот во Барселона.

04.02.2018 18:27:34
Бразилецот кој на почетокот од јануарскиот преоден рок се пресели на Камп Ноу за 150 милиони евра сепак морал да жртвува дел од сопствените приходи со цел да го комплетира посакуваниот трансфер.

Слична беше ситуацијата и со Хавиер Маскерано и Луис Суарез при нивните трансфери во Барселона, а медиумите во Шпанија сепак не излегоа со точната бројка за намалувањето на платата на Кутињо.