Македонија

Коѕиас:Македонија е како невеста што се мисли дали на своето презиме да го стави и тоа на сопругот

Деценискиот спор за името ќе се реши до јуни. Премиерот Заев и шефот на грчката дипломатија Коѕиас со ист став. На прашање на Ројтерс што ќе биде напредок за Грција ако спорот со Скопје не се реши до јуни, Коѕиас одговара: „Ќе се реши“.

02.02.2018 17:25:50
 Деценискиот спор за името ќе се реши до јуни. Премиерот Заев и шефот на грчката дипломатија Коѕиас со ист став. На прашање на Ројтерс што ќе биде напредок за Грција ако спорот со Скопје не се реши до јуни, Коѕиас одговара: „Ќе се реши“. Грчкиот шеф на дипломатијата дури ја споредува Македонија со невеста на свадба која се мисли дали да го прифати презимето на сопругот.

- Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг - рече тој.

Пред самото пристигнување на медијаторот во Атина, Коѕиас за грчка државна телевизија изјави и дека проблемот вклучува 7 точки: името, употребата на името, идентитетот,  јазикот, трговската употреба, знаците и акронимите. Побара уставни промени како и промена на македонските пасоши и лични карти.

Како ќе биде решен спорот засега медиумите дознаваат само од провокаторски изјави покриени со вел на национализам и наводно зачувување на достоинството на двете земји. Она што е сега јасно е дека и премиерот Заев го дели ставот на официјална Атина.  Очекува до средината на годината да се најде решение за името. Евентуалното решение требало да биде одобрено на референдум, за кој Македонците биле подготвени. 

- Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија - смета Заев.

Коалиционите партнери во Владата, СДСМ и ДУИ не се согласуваат околу спроведувањето референдум за името, но се согласуваат за решение до јуни. Вицепремиерот Османи порачува ако не се реши спорот во 2018 нема да се реши ниту во наредните 10 години. 

Во меѓувреме грчката влада порача – Изјавите на Димитров за време на преговорите не помагаат, Заев знае дека постојат конкретни барања за да можеме да стигнеме до прифатлив договор.

- Мислам дека изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат во оваа насока, бидејќи знае многу добро, за овие теми разговараа и двајцата лидери господинот Заев и господинот Ципрас дека постојат конкретни барања, политички барања за да можеме да стигнеме до заемно прифатлив договор. Првото е сложено име. Второто е она што го нарекуваме ерга омнес односно кон сите, сложено име за севкупна употреба, што го вклучува и соседот, што значи дека е неопходна уставна ревизија, за да може ова ерга омнес да се реализира. И третото е она што се однесува на иредентизмот, што исто така се поврзува со уставна ревизија. И мислам дека добро ќе биде да не го предвидуваат резултатот и да не поставуваат црвени линии - рече Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада.
 
Во време кога медијаторот Нимиц гледа оптимизам за скоро решавање на деценискиот спор, грчките партии трпат огромни несогласувања и се организираат масовни протести во Грција, Македонската власт вели дека сега е позитивен моментот за решение со почитување на идентитетот и дигнитетот на двата народи.

Лепа Џундева

 

навреди

Од: Опера

Време: 03.02.2018 03:17:05

Коментар: Се додека не се примени решение на Игор Јанев Грците ќе не навредуваат.

Името

Од: Игор Јанев

Време: 02.02.2018 23:46:05

Коментар: НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Генералното собрание, Земајќи предвид дека "Поранешната Југословенска Република Македонија", примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход, Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција, Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност, За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации, Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како "Поранешна Југословенска Република Македонија", под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Makedonija na Makedoncite

Од: Makedonija

Време: 02.02.2018 20:11:49

Коментар: Nema nikoj pravo da nas Makedoncite ni postavuva uslovi za da go smenime imeto,Nimic neka se vika ako saka i ku.....r a edna grupa na albanci ce ni odlucuva nas kako da se vikame,ej svestetese. Neka si odat vo albanija ako ne im e ubavo vo Makedonija.Moj predlog e da se pomirat SDS so VMRO i da se formira nova vlada i ministerstvata da se podelat po sposobnosta za sekoja funkcija i da odi Makedonija napred a ne da ne koci edna grupa na lujge i da ne uslovuva kako sto im odgovara niv,So takov dogovor dvete najgolemi partii imaat dve tretini vo parlamentot i mozat da odlucuvaat za se sto e dobro za drzavata i za Makedonskiot narod.