Црна хроника

(ВИДЕО) Каменуван автобус на ЈСП, приведени 15 лица

Петнаесетина лица поголем дел малолетни се приведени по тепачка која вечерва се случила во скопското село Синѓелич.

01.02.2018 21:58:22
 Петнаесетина лица поголем дел малолетни се приведени по тепачка која вечерва се случила во скопското село Синѓелич. 

Како што информираат од МВР за Алфа вечерва околу 19:35 минути на улицата Алија Авдовиќ се случила тепачка меѓу две групи, а една од групите почнала да го каменува автобусот на ЈСП со број 65Б кој сообраќал на релација Транспортен Центар село Брњарци.  Според видеото снимено од екипата на Алфа на вториот спрат од автобусот  се искршени неколку стакла. 

По идентификација на учесниците во тепачката сите приведени се однесени во полициската станица Автокоманда каде дале исказ а пред полициската станица е и автобусот во кој беше извршен увид од екипите на мвр . според очевидци три лица минале се полесно повреди во инцидентот кој што не е редок на оваа скопска автобуска линија. Во овој дел од Скопје во изминатие години се случија неколку слични инциденти за среќа без потешки повреди.