Црна хроника

Возел пијан и удрил девојка - Дац поднесе оставка

Со околу два промили алкохол во крвта, директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, синоќа удри во пешак на улицата Антон Попов во скопска Кисела Вода.

31.01.2018 15:11:44
Со околу два промили алкохол во крвта, директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, синоќа удри во пешак на улицата Антон Попов во скопска Кисела Вода. 21 годишната девојка за среќа е полесно повредена, бемвето кое го управувал Спасов Дац, ја удрило во колкот од едната нога, од ударот девојката била исфрлена на страна од коловозот. Со возило на брза помош скопјанката била хоспитализирана во болницата Св. Наум Охридски, а Дац завршил во полициска станица, информираат од МВР. Несовесното управување со моторното возило, му ја затресе и директорската фотелја на директорот на МНТ, информираа од владата.

По пресот на владата се огласи и Дац, до министерството за култура испратил барање дека се повлекува од директорката позиција, а министерот веднаш ја прифатил неговата оставка. 

Стравотната сообраќајка синоќа ја активираше Твитер заедницата, дел со осуда, дел со поддршка за Дац. Утринава на Фејсбук, се огласи и Дац, но не се извини за предизвикувањето на сообраќајката ниту, пак изрази жалење за тоа што повреди пешак, До каде ќе оди злобата напиша, но после неколку часа, се предомисли па статусот на Фејсбук го избриша 


 Катерина Гетева