Македонија

Суво и студено со северен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од еден до осум степени.

23.01.2018 11:15:36

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од еден до осум степени.

Во Скопје слично време со температура до шест степени. 

Според УХРМ, следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Во четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.