Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата итно да го повлече Законот за јазици

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со ова решение злоупотребено е и европското знаменце на законот.

22.01.2018 17:45:41
Владата да го повлече неуставниот Закон за употреба на јазиците и да бидат формирани работни групи кои ќе го сочинуваат претставници од сите пратенички групи во Собранието, експертската јавност, претставници од Кабинетот на претседателот Иванов кои ќе работат на ново законско решение – бараат од ВМРО-ДПМНЕ. Според генералниот секретар на партијата ова законско решение кое беше гласано во отсуство на опозицијата, го менува карактерот на државата и води кон формирање паралелни институции.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со ова решение злоупотребено е и европското знаменце на законот. Според Јанушев доколку Владата не одговори позитивно на ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш ќе го потврди нивниот недемократски концепт на делување. Откако по второто читање во законодавниот дом, мнозинството со 69 глас ЗА го изгласа овој Закон, претседателот Ѓорѓе Иванов стави вето на истиот и со предложени  забелешки го врати на повторно разгледување пред пратениците. 

Народните избраници во рок од 30 дена од донесувањето имаат право да поднесат амандмани ама само за забелешките на претседателот, по што Законот повторно се става на гласање. Ако повторно биде изгласан од пратениците, претседателот не е должен да го потпише указот, стои во Уставот.

Спорниот закон со кој албанскиот станува втор официјален јазик во државата, повеќе од една година ја бранува експертската јавност кој остро реагира поради нивната неконсултација и мислење за негативните последици кои ги носи донесувањето на овој закон. . 

Ивана Соколовиќ Најдова 
 

OVIE ALBANCITE,,,???

Од: PROFESOR

Време: 22.01.2018 18:57:51

Коментар: Ajde bre Makedonci -otvaraitegi ochite=Abe zar ne vidite (so Ameri) oti sakaat dane Albaniziraat..Ako sakate VIE Albanci da si go napravite-Vashiot jazik izednachen so Nashiot Makedonski=shto nema nikade vo svetot-Neke Moze..?? DVOJAZICHNOST- Togash za raka ede so drug i pravo vo Albanija..??