Македонија

Хуманитарна акција за семејството Јосифоски од Гостивар

Успешно помина акцијата за помош на семејството Јосифоски од Гостивар.

20.01.2018 17:58:55
Успешно помина акцијата за помош на семејството Јосифоски од Гостивар. Нивните сограѓани денеска на плоштадот донираа пари, облека, храна и се она што му е потребно на ова тричлено семејство кое е во многу тешка состојба. Организаторите на акцијата велат се задоволни што луѓето полека стануваат свесни дека треба да си помагаат меѓусебно. Апелираат кој колку може да помогне и во иднина, не само на ова, туку и на бројни други семејства, со слична судбина.

Семејството Јосифоски живее во населбата Циглана, во мизерни услови,во една соба, без можност да ги покрие дури и основните потреби, за храна и лекови.Таткото Милотин  поради здравствени проблеми, не може да работи, а ниту мајката Гајта, која мора да се грижи за нивната ќерка која има попреченост во развојот.

Семејството бара помош од сите заинтересирани граѓани, институции и компании кои можат, да се јават на нивниот телефон и да помогнат , да започнат еден нов живот, далеку подостоинствен и посреќен од сегашниот.


Милена Вучевска