Македонија

Експерти: новата влада со попустливоста ја втурна Mакедонија во многу опасна игра

Понудената рамка за компромисно решение во спорот со името ќе биде погубна за Македонија. Експертската јавност предупредува дека македонската Влада влегла во опасна игра која во никој случај не треба да си ја дозволи.

19.01.2018 16:41:57
Понудената рамка за компромисно решение во спорот со името ќе биде погубна за Македонија. Експертската јавност предупредува дека македонската Влада влегла во опасна игра која во никој случај не треба да си ја дозволи. Калкулациите за предлозите од новиот сет на идеи со кои е предвидено името Македонија да биде со македонска транскрипција, напишани на латиница наиде на остри реакции од стручната јавност. За поранешниот дипломат Ристо Никовски ниту едно од понудените решенија не ги застапува македонските позиции, туку Нимиц ја префрла топката во Скопје и Атина. Вели во Њујорк не постојат преговори туку само средби на кои се изнаоѓаат можни решенија за надминување на проблемот. 

И додека како енигма останува да стои содржината од последниот состанок на медијаторот со преговарачите, стручната фела коментира дека Македонија е фрлена во една игра, која во никој случај не требаше да ја прифати новата Влада. Академик Митко Маџунков дава образложение за тоа која е суштината на интензивирањето на средбите за изнаоѓање брзо решение за деценискиот спор. 

Дел од грчките медиуми пишуваат дека предлозите Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Вардарска Македонија, Република Горна Македонија и Република Македонија (Скопје), сите со македонска транскрипција, напишани на латиница, биле предлозите кои наводно медијаторот ги ставил на маса. Останува нејасно како ќе се изговараат имињата ако бидат вака напишани. Со оглед на тоа што Ј на англиски се изговара како Џ, Македонија би била Македониџа.

Иако стигна и предупредувањето од македонскиот преговарач Васко Наумовски дека понуденото ни од далеку не е достоинствен предлог за Македонија, сепак  Нимиц бил оптимист дека решението е на повидок.  

Ивана Соколовиќ Најдова 
 

SSAMO EDNO...

Од: ISTORICHAR

Време: 19.01.2018 19:11:35

Коментар: Da nemi zameri nikoi;; Koi mozit da MI odgovorit;; Zoshto e problemo so imeto.. Shto gi boli Grcite-zaradi toa IME..?? I shto ako si ostanit PRVORODENOTO IME..? Tie nigo zemaa najubaviot predel -62% od Makedonija -malku im etoa-pa sega ????