Македонија

За Владата спорен е настапот на Наумовски, а не недостоинствените предлози на Нимиц

Наумовски, кој го оцени решението на Нимиц како недостоинствено, не смеел да дава коментари, се вели во вчерашното соопштение од Владата. За неа не е спорен предлогот иако значи промена на идентитетот не само на името.

19.01.2018 16:42:29
Владата го критикува настапот на македонскиот преговарач Васко Наумовски по последната рунда во Њујорк, а за ставеното решение од  посредникот Метју Нимиц е воздржана.  
Наумовски, кој го оцени решението на Нимиц како недостоинствено, не смеел да дава коментари, се вели во вчерашното соопштение од Владата. За неа не е спорен предлогот иако значи промена на идентитетот не само на името. 
Неговиот колега во преговарачкиот процес, министерот Никола Димитров, во интервју за една од телевизиите синоќа рече дека не сака „брзоплето да реагира во врска со настапот на Наумовски“. Можеби затоа што, додека беше во неговата улога назначен од екс-претседателот Црвенковски во 2008 година, во изјава за британскиот Би Би Си дава слична оценка за тогаш понудените решенија од Нимиц. 
- Иако Македонија сака да влезе во НАТО не може да ја исече гранката на која седи и да си поигрува со сопствениот национален идентитет, порачал тогаш Димитров.

Денеска и премиерот со воздржана изјава. Оценките на Наумовски ги нарече „личен став“, но не сакаше да ги коментира последните предлози за да не му наштетел на процесот.
-Тоа е личен став, ова е слободна држава, секој може да си каже мислење. Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достоинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји. За предлозите јавно не би требало да се зборува за да не се уништат шансите на преговорите, рече Заев.

Инаку во владината реакција стои дека Наумовски пред да дава оценки прво требал да го информира државниот врв. Истиот кој пред преговарачот да замине, не му достави заеднички став односно наши црвени линии што тој требаше да им ги каже на Нимиц и Василакис. Шефот на државата Ѓорѓе Иванов последниот период воопшто не е консултиран од Заев, било да е за преговарачка рунда или средба на официјална Атина со Скопје. Ова за Алфа го потврдија од кабинетот на претседателот.

Исклучена е и ВМРО ДПМНЕ. Во своето последно интервју лидерот Мицкоски оцени дека владата го држи процесот нетранспарентен. 
 – Во моментот не сме запознаени со деталите на преговорите за да може да кажеме дека нешто прифаќаме или не. Владата го држи процесот нетранспарентен, а ние не сакаме да се доведеме во ситуација да коментираме хипотетички ситуации, особено не за вака важни и чувствителни теми. Нашиот став, поврзан со евентуалната промена на нашиот Устав, а со цел промена на нашето уставно име е јасен и по тоа прашање тој е непроменет. Ги охрабруваме владите на Република Македонија и Република Грција да изнајдат достоинствено решение кое не би го нарушило македонскиот национален идентитет и конечно да се стави крај на ова прашање. Во однос на референдумот веќе имаме искажано став, а дали тој би успеал или не, зависи од многу фактори, вели Мицкоски во интервју за весникот „Независен“.
Заев тврди дека гради ставови заедно со Иванов и Мицкоски, додека двајцата демантираат, а за владата проблемот е настапот на Наумовски но не и спорните предлози на Нимиц. 
Во ситуација кога „лошото дете“ е Наумовски, тогаш  логично се наметнува дилемата кои „добри деца“ ќе ги постави власта во работните групи што надвор од преговарачкиот процес треба да бараат решение за името?

Искра Коровешовска

 

A SHTO BARAME VO USA

Од: MAKEDONEC=PATRIOT

Време: 19.01.2018 19:02:21

Коментар: Kako prvo -Shto barame vo Amerika za ovie nashi problemi.Taa spogodba=problem ,,Bi trebalo da se reshavaat ili vo Makedonija ili vo Grcija,,? Drugo ;; Na Vakvi golemi i reshavachki problemi=treba da e pretstavnik;;Mr.za nadvoreshni raboti,,ili potpretsedatel na Drzavata-ne sekoi,?Ako treba i =od dvete stranki po eden..?? SDSM I VMRO..=TAKA BI TREBALO DA BIDIT>>? Koj gi odreduva pretstavnicite..???? Najposle shto barame NIJE vo NATO=Toj naskoro ke se raspadnit,,...I ZOSHTO..??

МАКЕДOНИЈА ВЕЧНА

Од: Слaве

Време: 19.01.2018 18:20:49

Коментар: Брaт, не се дaвaј. Нaрoдoт знaе дa препoзнaе пaтриoт , a истoвременo дa препoзнaе сектaшкo кoмуњaрски oргaнизaции кoи гo сaтaнизирaaт нaрoдoт и рaбoтaт прoтив сoпственaтa држaвa, нејзинaтa слaвнa истoријa a бoгaми и нејзинaтa иднинa. Издржи брaт и не пoпуштaј! Зa Твoите , зa Мaкедoнијa, зa Мaкенoнците , зa век и векoв. Oд срце и душa.