Црна хроника

Хорор во Мала Речица - силувани две малолетнички

Непознат тетовец преку интернет успеал да намами две малолетнички од Тетово да дојдат во неговиот дом , а потоа и ги силувал.

19.01.2018 17:59:15
Непознат тетовец преку интернет успеал да намами две малолетнички од Тетово да дојдат во неговиот дом , а потоа и ги силувал. Мажот претходно разговарал преку програмата “Азар”, најверојатно преку видео чат, со двете девојчиња и успеал да ги прелаже да се сретнат во Мала Речица, откаде се упатиле до неговиот дом. Влегле внатре во една од собите, каде по кратко време успеал да изврши полови дејствија врз едната, а потоа и врз другата малолетничка, информираат во МВР.                                                                  

Истиот ден подоцна непознатиот ги однел девојките на кафе во кафетерија во близина на неговата куќа, по што повторно се вратиле кај него од каде што, искористувајќи згодна прилика, двете малолетнички успеале да побегнат, односно заминале во своите домови. Едната од нив, во присуство на родител и психолог случајот веднаш го пријавила во полиција. Со двете девојчиња е разговарано, а полицијата трага по пријавеното лице и работи на расчистување на случајот.

Милена Вучевска