Македонија

Во Охрид крстот го фати Иван Лотевски

Дваесет и седум годишниот варошанец Иван Лотески кој за големиот христијански празник Богојавление се капи од своја 5 годишна возраст, а 14 години се обидувал да доплива до чесниот крст, годинава за прв пат успеа да го извлече од осветените езерски в

19.01.2018 17:10:13
Дваесет и седум годишниот варошанец Иван Лотески кој за големиот христијански празник Богојавление се капи од своја 5 годишна возраст, а 14 години се обидувал да доплива до чесниот крст, годинава за прв пат успеа да го извлече од осветените езерски води. Тој ги претекна стотиците капачи кои скокнаа во надеж дека светиот крст ќе се најде во нивните раце. 

-Чувството е прекрасно, за овој ден живееме преку цела година. Водата е ладна, меѓутоа не води тоа што го имаме во срцево. Да е за многу години, го правиме ова за здравје, за мир, за љубов за сите, да сме здрави и живи -Изјави Иван Лотески.

Тој од познатиот охридски израборувач на филигран, Митко Укоески доби 800 евра вреден крст, а тоа Укоески ќе го прави традиционално за овој свет ден. 
- Од оваа година почнавме да подаруваме сребрен филигрански крст,кој го изработувавме околу 6 дена.Изработен е од чисто сребро 999 и 5 македонски рубини - Изјава Митко Укоески-изработувач на филигран.

По симболичното капење во водите кое значи духовно раѓање, верниците се покрстуваа миејќи се и налевајќи од езерската вода која ќе ја понесат дома. Охрид-центарот на православието, на овој голем христијански празник, денеска блесна со исконска убавина,градот е полн со гости.

1.Прекрасно да Ви кажам,мелем за душата.Бог се јави, навистина се јави; 2. За многу години да ни е и да ја продолжиме традицијата понатака, бидете здрави и живи; 3. Прв пат доаѓам во Охрид, многу ми е убаво и интересно е стварно ; 4. Убаво е, весело е, позитивно е све; 5. Прекрасно се чувствуваме и секоја година доаѓаме за Водици. Вода полневме да, за здравје, за среќа и секогаш се миеме со неа.

И годинава празнично се одржи групно крштевање во водите на Охридското Езеро, убава традиција која започна пред 7 години. Таткото на градот кој на Лотески му подари икона, упати празнична порака и до своите сограѓани:

- Им посакуваме се најдобро на охриѓани, да имаат една љубов кон градот сите заедно и нека донесе многу радост и берикет на сите охриѓани и на сите православни па и други верници - Изјава Јован Стојаноски-градоначалник на Охрид.

Дел од хотелиерите нудеа празнични аранжани намалувајќи ги цените за 30 %. Во угостителските објекти не може да се најде слободно место- се точи ракија и вино, се пејат убави старогратски песни.

 Росица Голабоска