Македонија

Пресудата од Хаг заборавена во фиока - Македонија не го користи главниот адут

Пресудата од меѓународниот суд во Хаг е заборавена во фиока. Никој не го спомeнува најсилниот адут што земјава го има во наметнатиот спор со кој се потврдува дека Грција, а сега и НАТО го кршат меѓународното право

18.01.2018 17:32:01
Менувањето на нашето уставно име или пак на националниот идентитет не е потребно за нашиот евроинтегративен пат. Времената спогодба од 1995 предвидува дека Македонија смее да влезе во НАТО и во ЕУ под привремената референца ПЈРМ. Токму тоа беше и поентата на пресудата на Хашкот суд во 2011, кој одлучи во наша корист, односно дека Грција ја прекршила времената спогодба со тоа што стави вето за влез на Македонија во НАТО под привремената референца на Самитот во Букурешт во 2008.

Според професорот Тони Дескоски спор меѓу двете држави не постои, односно грците немаат проблем со нашето уставно име туку со наводен иредентизам, за кој судот во Хаг одлучил дека не постои, настрана од одлуката за вето во Букурешт...

Во интервју за емисијата 60 минути на Алфа, Дескоски вели дека и покрај одлуката на судот во Хаг, Грција одбива да се соочи со реалноста дека во Македонија не постои иредентизам, меѓутоа дека пресудата е обврзувачка за официјална Атина и дека Македонија мора да ја искористи...

Сепак, откако беше составена новата македонска Влада, која во моментов нема црвени линии, пресудата од судот во Хаг и покрај интензивирањето на преговорите не беше спомената ниту еднаш, а не ја спомена ниту генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по официјалната посета на Скопје. 

Андреа Василевски