Македонија

Искршена спомен плочата на Ацо Шопов во Штип

Целосно уништена и искршена спомен плочата на Ацо Шопов поставена на ѕидот од неговата родна куќа во Штип. Вандалскиот чин се случил деновиве,реагираа денес преставници од штипскиот Сојуз на борци.

18.01.2018 15:47:29
 Целосно уништена и искршена спомен плочата на Ацо Шопов поставена на ѕидот од неговата родна куќа во Штип. Вандалскиот чин се случил деновиве,реагираа денес преставници од штипскиот Сојуз на борци..

Во изминатиот период,односно за само половина година во Штип  речиси се уништени сите бисти и споменици на народните херои од НОБ . На некој од бистите им недостасуваат делови,а други целосно се ишарани со графити

 Од Сојузот на борци укажуваат дека во наредниот период за поголема заштита ке бараат помош и од локалната самоуправат, а истовремено од полицијата очекуваат што побрзо да  ги откријат вандалите кои ги уништуваат спомениците во градот.




Александра Ристевска