Свет

Казахстан: Пожар во автобус однесе 52 животи

Пожар што избил во автобус во Казахстан денеска однел 52 животи, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи.

18.01.2018 11:28:17

 Пожар што избил во автобус во Казахстан денеска однел 52 животи, соопшти казахстанското Министерство за внатрешни работи.

Трагичната несреќа се случила во северозападната област Актау. Пожарот избил додека автобусот бил во движење, и само пет патници успеале да се спасат. Министерството соопшти дека полицијата се уште работи на идентификување на загинатите.