Свет

Саудиска Арабија му додели итна помош од две милијарди долари на Јемен

Саудискиот крал Салман нареди да и се исплатат две милијарди долари на соседната држава Јемен, каде со години се води сурова граѓанска војна меѓу сунитските и шиитските групи.

17.01.2018 16:46:00

Саудискиот крал Салман нареди да и се исплатат две милијарди долари на соседната држава Јемен, каде со години се води сурова граѓанска војна меѓу сунитските и шиитските групи.

Најавата на кралот Салман доаѓа откако јеменскиот премиер Ахмед Обеид бин Дагир, кој е саудиски сојузник, побара итна помош за да се спаси монетарниот систем на Јемен од целосен колапс.

Според премиерот Бин Дагир, парите се неопходни за Јеменците да се спасат од глад.

Саудиска Арабија и владата на Бин Дагир минатата година формираа паралелна централна банка на Јемен во пристанишниот град Аден, откако шиитските бунтовници го освоија главниот град Сана.

Саудиската помош ќе биде уплатена во банката во Аден.