Сцена

Ким и Канје добија ќерка од сурогат мајка

Бебето се родило 47 минути по полноќ, по локално време, и тежи 3,3 килограми. Целиот процес и „услугата“ Ким и Канје ја платиле околу 114.000 долари.

17.01.2018 11:47:09
Ким Кардашијан (37) и Канје Вест (40) добија девојче кое им го роди сурогат мајка. Бебето се родило 47 минути по полноќ, по локално време, и тежи 3,3 килограми.

„Им се заблагодаруваме и на прекрасните лекари и медицински сестри, затоа што се грижеа за сурогат мајката. Норт и Сент се возбудени поради доаѓањето на сестричката“, рекла славната двојка која се уште не открила како ќе се вика новородената ќерка.

Старлетата и раперот користеле помош на сурогат мајка, бидејќи Ким во текот на двете бремености имала тешкотии, а лекарите и рекле дека третата бременост би можела да биде премногу ризична.

Сурогат мајката, која на свет го донесе третото дете на Ким и Канје, има 27 години, двајца синови и е пет години во брак. Завршила факултет, а на старлетата и раперот им се допаднала, бидејќи е во одлична физичка форма.

Во текот на бременоста, Ким и Канје и забраниле да ја бојадисува косата, да пие алкохол, да јаде сирова риба, да користи сауна и да пуши. За нејзината безбедност во текот на бременоста била задолжени двајца телохранители кои и помагале од третиот месец на бременоста. Целиот процес и „услугата“ Ким и Канје ја платиле околу 114.000 долари.

Ким и Канје често ја посетувале сурогат мајката и проверувале дали се држи до сите услови.

Старлетата и раперот имаат две деца – ќерката Норт (4) и синот Сент (2). Ким во своето реално шоу често истакнувала дека отсекогаш сакала да има големо семејство.