Македонија

Eмотивна приказна за охриѓанец што остана без дом

Четириесет и пет годишниот охриѓанец Роберт Николоски, преку ноќ стана бездомник - во пожар изгоре скромниот дом кој неговите родители, цигла по цигла почнале да го градат уште од почетокот на 70-тите години.

16.01.2018 16:53:56
 Четириесет и пет годишниот охриѓанец Роберт Николоски, преку ноќ стана бездомник - во пожар изгоре скромниот дом кој неговите родители, цигла по цигла почнале да го градат уште од почетокот на 70-тите години. Се до смртта, успеале да уредат 4 соби од долниот кат во кој што живееле со својот син единец. Роберт нема ни сестра, ни брат, а од кога еден по еден му починале родителите, тој со својата плата едвај врзувал крај со крај.

- Ми починаа родителите сепак родител е треба да го погребаш, имам на плата кредити, извршители, живеам со најминимални сретства. Се молам на Бога, се прекрстувам Господе семоќен помогни ми - вели Роберт Николоски.

Но, несреќата не оди сама, низ плач, со солзи во очите премрзнат Роберт моли за помош. Тој овие студени деноноќија откако остана без покрив над глава е по улици, да мине времето. Јаде од нога, благодарен ако некој го прибере да преспие, да не ја минува ноќта под ведро небо. Роберт се сомнева дека некој го подметнал пожарот во куќата бидејќи вратата од опожарениот дом ја нашол отворена. Тој се здобил и со опекотини по лицето.

- Зедов наполнав вода реков да пробам да спасам, тоа ми е се, фрлив вода на оганот ми пламна в лице. И кога веќе видов дека не можам ништо да направам изгледов надвор викнав пожарна и само успеав осигурачиве главни да ги извадам за да не се случи поголема катастрофа - вели тој.

Од покуќнината не останало ништо, Роберт остана само со алиштата кои ги имал на себе и старите чевли. Од општината направиле записник, ветиле помош, но ништо од тоа. Измина една недела, никој нити хуманитарни организции, нити од јавните претпријатија не дошле барем да му помогнат на Роберт да ја исчисти опожарената куќа. Нити интитуциите се потрудија да му дадат привремено општествен стан додека се снајде. И апсурдот да биде поголем, хуманитарците кои се појавуваат само кога треба да се сликаат, му понудиле тестенини кои Роберт нема каде да ги приготви. Ова е трансакционата сметка на Роберт Николоски, на која можат да уплатат пари сите љуѓе кои имаат срце да помогнат.

Росица Голабоска

 

transakciona smetka

Од: aleksandar

Време: 17.01.2018 23:34:21

Коментар: ево ја трансакционата сметка на Роберт Николоски 530500001441183

ne e vo red

Од: aleks

Време: 17.01.2018 21:02:32

Коментар: Za da se izvrsi uplata treba br na transakciska smetka (530..... sto e zapisan vo kartickata) so ovoj podatok na kraj od prilogot ne moze da se izvrsi uplata.

ni trebaat dopolnite informacii

Од: irena

Време: 16.01.2018 18:29:07

Коментар: Dadete dopolni informacii za covekot.. sekogas nedostigaat adresata i mestoto na ziveenje na covekot... Ve molam izvestete ne za adresata na covekot?

12