Црна хроника

Битола рекордер според број на украдени возила

Во минатата 2017година, според бројот на жители и возила, Битола може да се „пофали“ со најголем број на украдени патнички автомобили.

16.01.2018 16:54:18
 Во минатата 2017година, според бројот на жители и возила, Битола може да се „пофали“ со најголем број на украдени патнички автомобили. Во 46 регистрирани случаи на кражба на возила од страна на СВР- Битола, дури 32 биле во конзулскиот град. Бидејќи половината од украдените возила за брзо биле пронејдени, очигледно е дека станува збор за ситен и инцидентен арамилок, во кој мета биле поефтини и постари возила со небрежност на сопствениците, оставајќи ги клучевите или други вредни предмети.

- Врз основа на начинот со кој се одземани возилата, најчесто во 50 отсто случаи, возилото било оставано со клучевите во возилото или на бравата за стартување. Додека во останатите настани, искористена е згодна прилика или на друг начин  е одземен клучот од сопственикот - рече Лефтерија Миленковска, портпарол на СВР Битола.

Битолската полиција, поради овие причини, апелира да не се оставаат вредни предмети, клучеви и отворени пенџери со кои возилата се лесна мета на ситните кратци. Барем засега, професионалните кражби на скапи возила со меѓународни канали, во Битола не се присутни, а тука до скоро имаше и други црни статистики кои на полицијата и создаваа големи главоболки.

``Голфови`` и ``Југа`` минатата година биле по мерка на битолските кратци. Сепак, по запалени возила и сообраќајки со фатални последици, Битола исто така, била на прво место во претходните години. Ефикасноста на полицијата во последните шест месеци, дава надеж дека овие црни статистики, во нар4едниот период ќе бидат елиминирани. 

Петар Стефановски