Македонија

Македонската и грчката опозиција исклучени од преговорите за името

Какви релации и договори се склопуваат помеѓу Скопје и Атина за спорот со името знае само македонската и грчката Влада.

13.01.2018 17:35:17
  Македонската и грчката опозиција исклучени од преговорите за името. Какви  релации и договори се склопуваат помеѓу Скопје и Атина за спорот со името  знае само македонската и грчката Влада
Консултациите и договорите за можно решение, не само што се случуваат далеку од љубопитните очи на новинарите туку ја исклучуваат и опозицијата во Македонија и Грција

 Според грчка Нова Демократија, власта преговарала зад затворени врати и за тоа не ја известувала опозицијата, тврди некогашната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани. И во Македонија опозицијата целосно изолирана од процесот на преговорите. И покрај изјавите на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи по средбата со Коѕиас дека ќе има средба со лидерот на најголемата опозициска партија , тоа не се случило.  

Христијан Мицкоски -  Не. Не сум бил контактиран ниту пак сум имал било каква средба со вицепремиерот Османи.

 Во меѓувреме со Рамковен предлог на преговарачката маса, на 17 јануари оптимистично ќе се дочека Нимиц за да ја започне новата рунда разговори за спорот со името. Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави медијаторот бил охрабрен да излезе со првична рамка иако не кажа што ќе содржи таа иницијативна рамка.

Никола Димитров телоп – Се уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно, нешто што досега не се случило, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во синоќешно интервју

 Експерти пак предупредуваат, ако се промени името на државата ќе се промени и идентитетот.

Ристо Никовски -  Името не го добила државата од регионот, го добила од македонскиот народ. Тоа се факти кои се неспорни. Ако се промени името на државата и идентитетот на народот се менува. Ако ја нема Франција, нема французи. Тоа се тие опасности кои следат.

 Додека Грција лицитира со нови имиња, грчките здруженија пак што собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во името, на 21 јануари организираат протест во Солун. Не е исклучена ниту можноста да се одржат повеќе различни демонстрации против името Македонија. 

Лепа Џундева