Македонија

Вевчанци преку маски ја исмеваа двојазичноста, лагодниот живот на пратениците, МПЦ-ОА и Заевата влада

Карневалот во Вевчани, ја отслика Македонија – двојазичноста беше најпечатлива маска на годинешната отворена сцена на која се исмејуваа актуелните политички случувања кои ја одбележаа годината што измина.

13.01.2018 17:41:43
Карневалот во Вевчани, ја отслика Македонија – двојазичноста беше најпечатлива маска на годинешната отворена сцена на која се исмејуваа актуелните политички случувања кои ја одбележаа годината што измина: случувања во Собранието од 27 април, лагодниот живот на пратениците, а на татеп се најде и МПЦ како и новата Влада.

За карневалот кој според некои записи имат 1.400 годишна традиција, хроничарите споделуваат и многу други податоци поврзани за карневалот.

- Тоа што би рекол воопшто не се знае меѓутоа е еден своевиден парадокс, карневалот започнува 15-ти јануари а завршува на 14-ти јануари.Што значи дека уште од следниот ден, утредента на 15-ти јануари се обмислува маската за следната година и тоа трае, трае, вари и се крчка - Изјава Симун Лешоски-хроничар.

Традиционалната прослава на стара Нова година во Вевчани, која кулминира со Василичарскиот карневал, надалеку ја прочу најмалубројната општина во Македонија.

- Тешко е да се изменаџира ваков настан пошто тука нема никакво сценарио,ова е отворено сценарио,нема режија- Изјава Сашо Јанкоски-градоначалник на Вевчани.

Вевчани живее за големиот христијански празник Свети Василиј – илјадници василичари под маски се борат со злите духови. 

Карневалот го прави Вевчани се поатрактивна туристичка но и културна дестинација. Вечер василичарите ќе ги посетат сите домови на вевчанци, славејќи го големиот Свети Василиј. Карневалот завршува утре со василичарски ора и палење на маските. 


Росица Голабоска