Македонија

Палитов: Не сме за издавање на „Фени“ под наем

Вработените во „Фени“ не се за издавање на нивната фабрика под наем, затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените.

13.01.2018 14:43:52
 Вработените во „Фени“ не се за издавање на нивната фабрика под наем, затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа.

Ова го истакна денеска Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација во кавадаречкиот комбинат. Тој рече дека нема да дозволат некој да прави краткорочни профити без да инвестира и без да се знае судбината на сите вработени и на побарувањата на сите доверители.

- Стечајот треба да заврши во најкраток рок, како и што ни беше ветено, независно дали Апелација ќе ја врати фабриката во предстечајна постапка или преку реорганизација - апелираше Палитов до надлежните институции.