Свет

Бројот на загинати во свлечиштата во Калифорнија се искачи на 18 лица

Маж, на возраст од 87 години стана 18-тата потврдена жртва на свлечиштата во Калифорнија, соопштија на прес-конференција локалните власти.

13.01.2018 12:53:13
Маж, на возраст од 87 години стана 18-тата потврдена жртва на свлечиштата во Калифорнија, соопштија на прес-конференција локалните власти. Шерифот на округот Санта Барбара, соопшти дека уште пет лица се водат за исчезнати. 

Природната катастрофа во Јужна Калифорнија доведе до уништување на голем број домови и лизгање на свлечиштата.  свлечиштата уништиле над 100 семејни куќи, а околу 200 се уништени. Ова е втора природна стихија во Калифорнија во рок од неколку месеци откако државата претрпе огромни штети во големите пожари во октомври.